Наут: наутот не е само извор на протеини, туку е богат и со растителни влакна, ниска содржина на масти, минерали, железо, цинк, витамин Б. 

Грав: црн, црвен, бел, шарен… Го има во бескрајно голем број видови и сите содржат висококвалитетни протеини и влакна, со малку или без маснотии.

Сончоглед: семките од сончоглед се како суперенергетска закуска од природата, пакување од протеини како измислено за срцето бидејќи содржи здрави незаситени масти, поволни и за кожата поради големиот процент на витамин Е.

Брокула: таа веќе ги има освоено сите ѕвездички поради високиот процент на растителни влакна и како нискокалоричен извор на витамини А, Ц и К. Таа е производ за чистење и детоксикација на организмот. Не е тајна дека брокулата е богата со антиоксиданси.

Овес: повисок процент на протеини и понизок процент на јаглехидрати се одлика на овесот. Консумирањето цели зрна на овес помага во одржување стабилно ниво на шеќерот во крвта.

Семе од коноп: семето од коноп нуди порција комплетни протеини, како и на минералите цинк, магнезиум и железо, кои се од суштинско значење за човечкиот организам. Тоа е исто така одличен извор на омега-3 масни киселини.

Чиа: овие семиња се многу хранливи. Содржат протеини, антиоксиданси и растителни влакна. Исто така, се извор на омега-3 масни киселини.

Млеко од соја: има највисок процент на протеини, поголем од оној што го содржи млакото од бадем или од ориз, а еднаков е со процентот на кравјото млеко, дури е и подобро, бидејќи не содржи заситени масти.