Поранешниот британски фудбалер, Дејвид Бекам, призна дека тројцата синови го разочарале, бидејќи ниту еден од нив не сака професионално да се занимава со фудбал.

Бруклин, Ромео и Круз иако како деца тренираа во школата на фудбалскиот клуб Арсенал, кога малку пораснаа сфатија дека фудбалот не ги интересира.

Меѓутоа, поранешната фудбалска ѕвезда истакнува дека се радува што неговата ќерка Харпер обожава фудбал и редовно тренира.

– Харпер има чувство за добра игра и сака да тренира, но другите тројца не. Тоа тешко ми падна, ми го скршија срцето, потенцира Дејвид Бекам.

Тројцата синови веројатно благодарение на мајка им повеќе сакаат уметност отколку фудбал.

Најстариот син Бруклин студира фотографија во Њујорк.