Дејвид и Викторија Бекам почнале со ископување на езеро на својот имот
вреден шест милиони фунти во Котсволдс. Претходно, тие побарале одобрение, во време кога започнале со изградба на ритче високо три метри, за да се заштитат од погледите на љубопитните туристи, пренесува „Сан“.

Бекамови добиле одобрение за правење на езеро во нивниот дом и покрај
недоразбирањата со соседите. Минатиот месец Дејвид и Викторија биле предупредени дека работниците можат да работат само во периодот меѓу август и февруари идната година, со цел да се заштитат птиците што се вгнездуваат. Тоа значи дека ако работата не биде готова до февруари следната година, ќе
мора да паузираат шест месеци.

Оваа година, Бекамови најавиле дека ќе прават повеќе работи на нивниот имот во Котсволдс, вклучувајќи 24-часовена сигурносна влезна врата, подземен тунел и визба за вино.

Бекамови сакаат да ја заштитат својата приватност бидејќи на неколку метри од нивниот имот ќе се гради рекреативен комплекс. Според проектот, комлексот ќе има подземен паркинг за 100 возила, шест куќарки со по пет спални соби, ресторан, градина и објекти за рекреација, вклучувајќи базен, сала за вежбање и тениско игралиште, пишува британскиот таблоид.