„Блу Ориџин“, чиј сопственик е директорот на „Амазон“, Џеф Безос, планира да испрати ракета со екипаж на Месечината до 2024 година, пренесува „Гардијан“. Конпанијата на мултимилијардерот Безос развива ракети со кои планира да овозможи туристички патувања до Месечината, како и лансирање на сателити.

„Блу Скај“ има план да постави лунарна база во текот на наредните пет години. Безос тоа го објави откако го презентираа нивното ново летало кое го изработувале три години.  За време на едночасовната презентација на конференција во Вашингтон, тој објасни дека леталото има четири мали ровери и може да лансира сателити.

– Месечината ни е еден вид подарок – изјави Безос, наведувајќи факти кои го прават земјениот сателит погоден за вселенски патувања и туризам.

Во март, заменик-претседателот на САД Мајк Пенс побара од НАСА да постави платформа во орбитата на Месечината и да испрати американски астронаути на нејзиниот јужен пол, најдоцна до 2024 година.

– Ние можеме да го постигнеме дадениот рок. Време е пак да стапнеме на Месечината, но овојпат и да останеме таму – изјави Безос со насмевка на лицето.

Оваа новост од „Блу Ориџин“ доаѓа откако Илон Маск неодамна ги објави неговите планови за освојувањето на Марс со компанијата „Спејс екс“. Тој планира нивната прва безекипажна мисија да биде изведена во 2022 година, а веднаш потоа планираат да испратат и екипаж најдоцна до 2024 година.