Басистот на рок-групата „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст.

Познатиот музичар ја изгуби битката со коронавирусот. Тој се лекуваше од коорнавирусот во КБЦ „Бежаниска коса“, а неговата состојба се влошила и бил ставен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави тажна порака на Фејсбук за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека ќе се опорави.

– Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот – напиша таа.