Националната опера и балет ја најавува изведбата на балетската класика „Лебедово езеро“ од П.И. Чајковски на 28 февруари, со почеток во 20 часот.

– Ода за моќта на љубовта. Класика што ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, а се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти – најавуваат од НОБ.

Во главните улоги настапуваат: Одета/Одилија настапува Марија Кичевска Шокаровска, принцот Зигфрид е Васил Чичијашвили (Грузија), во улогата на Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де Троа: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Христина Наќевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригентка e Бисера Чадловска.