Влатко Иљачев е второто избрано ново име во Македонија, а до титулата го донесе талентот за пеење и за пишување балади за клавир. Имено, овој 27-годишник е победник на вториот циклус во сoстав на проектот „Ново име“, кој го реализира компанијата „ХТЛ Македонија“. Тоа подразбира можност да ѝ ги претстават на јавноста младите таленти, кои со победа можат да ги унапредат своите знаења и вештини.

Откако Сандра Туфеска, од Демир Хисар, со својот талент за цртање ја освои титулата на првото издание на „Ново име“ во Македонија, Влатко поверува дека овој пат токму со неговиот глас се избори за најмногу гласови од публиката на платформата novoime.mk. Овој млад уметник од Богданци се надева дека ќе има шанса да ги сними сите 52 песни што ги напишал, како и можност да ги изведува пред публика.
– Поддршката би сакал да ја искористам за снимање на своите песни и да остварам турнеја низ цела Македонија – вели Влатко.