Со поставување на сјајна ѕвезда, вчера беше отворена најпознатата зграда во Барселона, базиликата „Саргада Фамилија“, со кула висока 138 метри чија изградба започна во 19 век од каталонскиот архитект Антонио Гауди.

Илјадници луѓе на студеното и ветровито време го следеа во живо поставувањето на ѕвездата од 5,5 тони на кулата посветена на Богородица. Ѕвездата поставена на врвот на кулата е изработена од нерѓосувачки челик, а пред поставувањето била тестирана нејзината отпорност, преку удирање со тешки предмети со голема брзина.

Надбискупот на Барселона ја благослови кулата, прва отворена по 45 години. Таа е втора највисока од 18-те кули во Барселона меѓу кои највисоката е посветена на Исус, четири се посветени на евангелистите, а дванаесетте кули ги претставуваат апостолите.

Целата базилика би требало да биде завршена во 2032 година, на 150-годишнината од поставувањето на првиот камен од страна на епископот Хозе Марија Уркинаона на 19 март 1882 година.

По поставувањето на ѕвездата се служела миса, а објавена била и порака од папата Франциск кој потсетил на сиромашните, болните, заразените со коронавирус и изнемоштените. Папата рекол дека сјајот на ѕвездата е „синодален пат“ што треба да се следи во Барселона и го повикал градот, особено одговорните, да не ги забораваат сиромашните и изнемоштените.

По повод отворањето на кулата, во Барселона до 4 јануари ќе се одржуваат различни настани, кои вклучуваат пеење на божиќни песни, конференции, изложби и народни игри.