Во Копенхаген ќе се гради аква-центар со многу смела и необична архитектура – вода заградена со големи пирамиди, односно базени што ќе бидат поврзани со проѕирни канали.

При јавното наддавање за најдобро решение на базанот тендерот го добил јапонската фирма „Кенго кума енд аксесорис“.

Според „Дејли мејл“ компанијата ќе биде задолжена „да создаде искуство, а не само уште еден објект“.

Секој од скалесто наредените базени ќе има заграден простор, нагласен со светлини и сенки.

– Проектот создава единствена врска меѓу копното и морето. Во принцип ја дополнува визијата на Копенхаген за носење нови уникатности – велат данските власти.

Аква-центарот ќе се простира на 5.000 квадратни метри, ќе има отворени и затворени базени, фитнес-центар, а се очекува да биде готов во 2021 година.