Традиционално и оваа година здружението „Совет за грижи и воспитување на децата на град Скопје“ и Советот на Фестивалот „Златно славејче“ објавија аудиција за прием на солисти и нови членови на хорот.

За сите заинтересирани деца аудициите ќе се одржат на 12 и 13 април 2018 година (четврток, петок,) во просториите на здружението „Совет за грижи и воспитување на децата на град Скопје“ на улица „Илинденска“  број „55“ со почеток во 18 часот.

Право на учество имаат деца на возраст од 7 до 12 години. Подетални информации на телефонскиот број 02/3221-745 или на www.zlatnoslavejce.com.mk.