Во обид да се обезбедат самоодржливи идни заедници на Месечината и Марс, научниците работат постојано, а новото истражување укажува на можност за одгледување риби на површината на Месечината. По тестирањето на рибините јајца, извршено под симулираните услови на лансирање на руската ракета „Сојуз“,било откриено дека научниците може да однесат вода и рибини јајца од Земјата и да одгледуваат риби на Месечината.

Видовите риби биле избрани врз основа на нивната скромна потреба од кислород и ниското производство на јаглерод диоксид, како и нивниот краток период на размножување. За време на тестирањето, чашите со рибините јајца биле разнишани и изложени на вибрации во друга машина што симулира лансирање на руската ракета „Сојуз“. Откриено било дека јајцата успеале да преживеат рамномерно. Стапката на успех при изведување на рибите од овие јајца изнесува 82, 92 и 95 проценти.

Тимот научници тврдат дека одгледувањето риби на Месечината е можно најмногу благодарение на успешниот транспорт. Астронаутите обично јадат замрзната храна што не е многу вкусна, така што рибиното месо ќе им обезбеди клучни аминокиселини, омега-3 полинезаситени масни киселини и витамин Б12.

Рибите би биле одгледувани со користење лунарна вода, а ќе служат како храна за идните жители на селото на Месечината што има намера да го изгради Европската вселенска агенција.