Ширењето на коронавирусот што предизвика глобални стравувања од патување, се чини дека претставува главна причина за Арчи да остане со дадилката во Канада, бидејќи Хари и Меган веројатно не сакаат да го стават во опасност нивниот син.

Во моментов има 36 потврдени случаи на вирус во Велика Британија и 24 во Канада.

Постојат осум потврдени случаи на коронавирус во Британска Колумбија, регионот на Канада каде престојува парот со Арчи. Се додека тој останува дома и не патува ризикот е помал.

Меган и Хари ќе останат во Велика Британија до крајот на месецов по завршувањето на последните кралски обврски, по што ќе се вратат во Канада за да бидат со Арчи.