Ракотински беше македонски учител, лекар и свештеник. Почина во 1940 година, меѓутоа и 70 години по смртта, неговите останки се во одлична зачувана состојба. Не се зачувани многу податоци за неговиот живот, но се знае дека потекнувал од Охридско, а пред да се досели во Ракотинци живеел како монах во Марковиот манастир. Живеел и служел во црквата во скопското село Ракотници. Починал на 101-годишна возраст, а својот гроб сам го ископал. Во 2017 година, Македонската православна црква го прогласи за светител, а неговите мошти се поставени во Соборниот храм во Скопје.