Археолозите пронашле биста на римскиот цар Марко Аурелио во градот Асуан, на југот на Египет, соопштија денеска египетските власти.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека главата од бистата на императорот и филозофот кој владеел со Римското царство од 160 до 180 година од новата ера, била пронајдена во храмот Ком Омбо за време на заштита на ова место од подземните води.

Наведено е и уште дека археолозите ископале артефакти кои припаѓаат на универзитетот во рамки на древниот храм Карнак, во градот Луксор.

Египетските власти се надеваат дека таквите откритија ќе го подобрат туризмот во Египет што е загрозен со политичките превирања по бунтот во 2011 година.