Легендата на италијанската мода Џорџо Армани, за скијачката сезона подготвува изненадување за богатите љубители на овој спорт во Аспен, во американската сојузната држава Колорадо. Првиот бутик „Џорџо Армани“ во Аспен, на авенија Ист Хајман број 521, ќе се отвори во ноември и ќе работи до крајот на март в година.

Бутикот со површина од 311 квадратни метри ќе биде на два ката. Ентериерот е со зимска тематика, светло сина и бела боја, sидови покриени со завеси со планински мотиви. Како дел од ентерерот во бутикот сместен на познатиот планински центар ќе има рафтови и места за седење кои ќе асоцираат на ски-лифтови, жичници и гондоли како клучен визуелен фокус низ целиот простор.

Армани летоска отвори бутици  во Ист Хемптон, во американската сојузна држава Њујорк и во Форте деи Марми во Тоскана, Италија, како дел од својот план за проширување на глобално ниво. Меѓу модните брендови кои имаат продавници во Аспен се и Прада, Гучи, Ралф Лорен, Монклер и Лулулемон.