Снаодлив арамија украл неколку стотини колбаси во вредност над 1.000 евра од божикниот панаѓур организиран во гратчето Битигхаим-Бисинген, на југозападот на Германија, соопшти денеска полицијата.

Кражбата била откриена вчера кога организаторите утврдиле дека недостасуваат осум големи кутии со колбаси вредни околу 1.000 евра.

– Се надеваме дека некој минувач нешто видел – изјави портпаролката на локалната полиција.