Техно

Мобилната апликација „Воцап“ за своите корисници ќе активира нова функција, со која ќе се овозможи автоматско бришење пораки, беше соопштено на официјалната веб-страница на компанијата.
Како што е наведено во објавата, корисникот ќе може самостојно да го избере времетраењето на складирање пораки (од еден час до една година) или да ја оневозможи оваа функција во поставките.
Автоматското бришење пораки ќе биде достапно и за групните и за редовните разговори.
При активирањето на оваа функција до индикаторот за времето на испраќање на пораката ќе се наоѓа и мала икона за часовник.