Повеќето родители се прашуваат кога е вистинското време да им набават мобилен телефон на своите деца. Тие со право се загрижени затоа што со модерната технологија и интернетот многу работи можат да тргнат наопаку.
Треба да се напомене дека технологијата исто така може да влијае на развојот на детето, но ова не е единствениот негативен ефект. Имено, родителите треба да ги проверуваат мобилните телефони на своите деца и доколку најдат одредени апликации, треба веднаш да ги деинсталираат затоа што на овие апликации може да се собираат педофили.
Опасните апликации не се ништо ново, но тие претставуваат дополнителна закана за децата. Полициските службеници ги предупредуваат родителите да ги отстранат овие апликации од детските уреди, бидејќи токму преку овие апликации, педофилите се обидуваат да стапат во контакт со децата.
Апликации на кои родителите треба да обрнат внимание.
Воцап (Whatsapp) – Ова е популарна апликација за пораки што им овозможува на корисниците да испраќаат текстови, фотографии, говорна пошта и да остваруваат повици и видеоразговори.
Лајф ми (Liveme) – Видеоапликација во живо што користи геолокација за споделување видеа за корисниците да можат да ја дознаат точната локација од која се емитува видеото.

Аск.еф-ем (Ask.fm) – Позната по вознемирувања, апликацијата ги охрабрува корисниците да им дозволат на анонимни лица да поставуваат прашања.
Тик ток (TikTok) – Оваа апликација е многу популарна меѓу децата. Се користи за создавање и споделување кратки видеа, а контролата на приватноста е многу ограничена.
Омегл (Omegle) – Оваа видеоапликација постои веќе подолго време, но луѓето ја користат повеќе од кога било за време на карантинот. Овој рулет за разговор ве спарува со странци.
Снепчет (Snapchat) – Ова е една од најпопуларните апликации во светот. Иако апликацијата наведува дека објавената содржина ќе исчезне, на корисниците сепак им е дозволено да ја видат во рок од 24 часа. Исто така, им овозможува на корисниците пристап до локацијата.

Родителите треба да разговараат со своите деца за безбедноста на интернет и можните опасности. Покрај тоа, можете да го ограничите пристапот на вашето дете до технологија, на пример, само кога тие ќе ги завршат своите обврски, можат да користат мобилен телефон. Поставувањето граници за децата отсекогаш било важен дел од родителството, особено сега во дигиталното време.