Холивудската дива Анџелина Џоли ќе се појави и во продолжението на филмот „Злобница“, каде што ја толкува главната улога на лошата вила, чија премиера ќе се одржи на 18 октомври годинава. Освен Џоли, во филмот ќе глумат и Ел Фанинг, Сем Рајли, Имелда Стаунтон, Џуно Темпл и Лесли Менвил, кои ќе ги толкуваат своите стари улоги, а ќе се појават и нови актери, како Мишел Фајфер, Харис Дикисон и Ед Скрејн.

Во првиот дел беше раскажана непознатата приказна за главната злобница на дизниевиот цртан филм „Трнорушка“ од 1959 година. Убава и добра млада жена живее идиличен живот во шумското кралство, додека еден ден не е извршен воен напад, кој му се заканува на мирот во земјата. Злобница сака да јa заштити земјата, но на крајот станува предавничка, лоша и желна за одмазда.

Поради тоа почнува епска битка против наследниците на кралот на освојувачкото кралство и ѝ фрла клетва на неговата тукушто родена ќерка Аурора. Како што таа расте, злобницата сфаќа дека клучот на мирот во кралството е кај принцезата и прави планови како да ѝ наштети…

Иако филмските критичари немаа баш пофални зборови за овој филм, тој заработи 758,5 милиони долaри. Второто продолжение се снимаше во август минатата година.