Симболот на Танит

Овој симбол може да се забележи насекаде во античка Картагина и во градовите под картагинско влијание во Северна Африка и западниот дел на Средоземно Море. Зачуван е на многу археолошки локалитети од картагинско потекло. Претставува геометриска композиција составена од пирамида и диск, одделени со хоризонтална линија. Се водат полемики дали дискот е соларен или лунарен. Во подоцнежниот период, симболот личи на женска силуета и бил поврзан со истоимената феникиска и картагинска божица.