Познатите холивудски ѕвезди Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, наводно, често се заедно кај неа дома, каде што таа му готви вечери, а се шпекулира дека романсата конечно се разгорела по долги години.
Џенифер (52) и Дејвид (54) се колеги и добри пријатели уште од снимањето на серијата „Пријатели“, серија што се прикажуваше десет години. Иако Џен и Дејвид никогаш не биле во врска, на сите присутни на снимањето им било јасно дека има силна привлечност меѓу нив.
– Во еден момент и двајцата чувствувавме нешто, но едниот од нас секогаш беше во врска, така што никогаш не ја преминавме таа граница. Го почитувавме тоа – изјави Дејвид неодамна како одговор на коментарите дека постоела хемија меѓу нив.
Тие ја пренесоа целата страст во љубовната врска на ликовите што ги глумеа, бидејќи вистинската врска не била изводлива.
По снимањето на специјалната епизода, почнаа шпекулациите дека омилените актери конечно се во врска и во реалниот живот.
По емитувањето на епизодата, стана јасно дека сеќавањето на минатото кај двајцата предизвикало чувства и дека хемијата што треба да ја потиснат сè уште е присутна. Почнаа да се допишуваат меѓусебно веднаш по снимањето, а минатиот месец Дејвид полета од својот дом во Њујорк за да ја види Џен во Лос Анџелес, пренесува „Индепендент“.