Комичниот анимиран филм „Кој се плаши од волкот лош 2“ наскоро ќе може да го погледне и домашната публика. Ќе ги видиме на големото платно добро познатите ликови: добродушниот волк Сивчо, волчицата Бјанка, пророчицата Мема и други.

Возбудливата приказна за овците и волците што живеат во слога и мир ќе нѐ поведе во нивното магично село, во кое пријателството е единствен предуслов за живот.
Сепак, дали ќе остане така до крајот на приказната? Нивниот тимски дух единствено може да ги реши проблемите и да им помогне да се соочат со предизвиците.