Во градот Бејрут, во Либан, неодамна се одржа изборот „Некст ворлд топ модел“ за 2020 година, на кој учествуваа 40 модели од исто толку држави од целиот свет. Нашата претставничка Андријана Илиоска постигна голем успех освојувајќи го второто место, односно титулата прва придружничка.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува модното студио „Црнокрак“.

– Престојот во Либан на финалето на овој избор го искористив за средби и договори со скаути од целиот свет за ангажирање на наши модели во разни интернационални модни агенции- ни рече Мики Црнокрак.