Катедралата Дуомо во Милано ќе биде затворена за јавноста поради пандемијата на коронавирус, како и повеќето цркви за претстојните велигденски празници, но в недела гласот на славниот оперски пејач Андреа Бочели ќе одекнува низ празната катедрала, за празничниот концерт без публика што ќе се пренесува во живо, објавува Си-ен-ен.

Концертот, насловен „Бочели: Музика за надеж“, ќе биде емотуван на јутуб-каналот на Бочели со почеток во 19 часот.

Италијанскиот тенор ќе биде придружуван само со музиката на оргуљите изведедувана од Емануеле Вијанели. Предвидено е да изведе ги изведе делата како што се „Аве Марија“ и „Санта Марија“, се вели во соопштението за весникот „Универзал мјузик груп“. Според соопштението, Бочели ќе настапи без надоместок.