Италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе настапи в недела, на католичкиот Велигден во „Миланската скала“, која во оваа пригода ќе биде празна, а неговиот настап ќе се пренесува преку Јутјуб.
– Пред неколку дена му се јавив на Бочели и тој потврдно одговори на мојот предлог. Тоа значи дека на Велигден, в недела, во 19 часот, тој ќе пее сакрална музика во празната катедрала – најави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, во својата редовна видеопорака до сограѓаните.

Тој напомена дека иако „Миланската скала“ ќе биде празна, гласот на Андреа Бочели преку директен пренос ќе го слушне целиот свет.
– Тоа нема да биде концерт, туку повеќе можност заедно да се помолиме, молитва за Милано, за целиот свет, соочени со оваа тажна ситуација. Можност да испратиме велигденска порака, за љубов и искупување – објасни Бочели за дневниот весник „Корере дела сера“.

Луѓето, како што наведе тој, ќе бидат глобално поврзани благодарение на интернетот, „обединети со суптилни нишки, со верба, која е посилна од секоја привидна оддалеченост и опасност“.