Луѓе од цела Англија се собраа во селото Марток за да му оддадат почит на тамошниот „крал на Ромите“, чиј погреб беше проследен со раскошна церемонија, со богати цветни аранжмани, овци и со музиката на Шеги и на Мистер бомбастик, пишува британски „Експрес“.

Жителите на селото беа зачудени, следејќи го испраќањето на 46-годишниот трговец со коњи Ајвор Хјуз, кој почина од срцеви проблеми. Околу 300 луѓе учествуваа во погребната поворка.

Ајвор Хјуз

– Ова село не видело ништо слично. Дванаесет лимузини, па тоа не би го ималo ни кралското семејство. Не сме виделе ништо вакво во нашите животи – вели еден од жителите на селото.

Службата во локалната црква беше проследена со музиката на Мистер бомбастик и на Шеги.