„Форбс“ ја објави листата на најмоќни жени

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на 100 најмоќни жени на светот, на која десетта година по ред првото место го зазема германската канцеларка Ангела Меркел. На второто место е шефицата на Европската централна банка, Кристен Лагард, а на третото е Камала Харис, новата потпретседателка на САД. Таа е прва жена, прва црномурна Американка и прва азиска Американка на оваа функција.
На четвртото место е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, а на 18-то место е директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.
Најмоќните жени на 17-та годишна листа на магазинот „Форбс“ потекнуваат од 30 земји, а меѓу нив се 10 шефици на држави и 38 од светот на шоу-бизнисот.
Тука се и сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда, ТВ-ѕвездата Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора, претседавачката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, новозеландската премиерка Џасинда Ардерн, пејачките Бијонсе и Ријана..