Анализите на светските експерти покажуваат дека темната мрежа толку е развиена што луѓето преку неа можат да ангажираат хакер за да реализираат голем број нелегални активности со нивна помош.
Па, така, како преку која било фирма за услуги, така и преку црната мрежа, луѓето можат да ангажираат хакер за да „киднапираат“ профили на социјалните мрежи, да избришат долгови, дури и да променат на оценки кај учениците и студентите.
Најскапи се услугите како саботирање и лични напади, а потоа хакирање профили на социјални медиуми.
За сите услуги хакерите ветувале дека ќе ја завршат работата за 24 часа, освен онаа што барала многу покомплексен ангажман од страна на хакерите. Комуникацијата помеѓу клиентот и хакерот се реализира преку заштитени мејл-адреси, а цените изнесуваат од 230 долари за хакирање профил на социјални мрежи до околу 400 долари за хакирање интернет-страница. Личните напади кон поединци изнесуваат околу 550 долари, додека за следење локации се наплаќало 195 долари. Напад и хакирање на компјутер и телефон изнесува 343 долари, додека напад на мејл-адреса се наплатува по 241 долар.
Во овој воспоставен систем на цени и услуги не спаѓаат помош при враќање на интернет-паричникот за биткоини, здравствени податоци за вакцинирање со вакцини за ковид, бришење објави од социјални мрежи и слично.