Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид ја одбележа 50-годишнината на Денот на планетата Земја, приклучувајќи се кон глобалната иницијатива со чистење на дното на Охридското Езеро, со цел да ја подигне свеста за заштита на животната средина.

– Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина. По тој повод нуркачите од
нуркачкиот центар „Амфора“ денес се приклучија кон оваа глобална иницијатива со
чистење на дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште – наведуваaт од „Амфора“.

Исто така, меѓународната нуркачка асоцијација „Скуба скулс интернешнл“ која се
вклучува во вакви инцијативи одбележува 50-годишен јубилеј од своето постоење.
„Амфора“ упати честитки до двете организации за нивниот придонес во поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина.