Архитектонско студио „ЗЈА“ дизајнира концепт за подводен музеј во Амстердам, Холандија. Тој ќе се гради околу остатоците на историскиот брод „Амстердам“ кој потонал покрај брегот на Хеjстингс во Велика Британија. Според плановите бродот ќе се пренесува без да се вади од вода. Потоа ќе се изгради музеј со стаклена структура околу бродот.  Посетителите ќе имаат можност да го гледаат бродот долг 40 метри од сите агли.

Овој музеј ќе се гради за да се зачува бродот од уништување. Бродот бил конструиран во 18-от век, а потонал 1749 година за време на своето прво патување. Трупот и внатрешноста се зачувани.

За локацијата на музејот допрва ќе се одлучува, при што се разгледуваат повеќе места во Амстердам. Пренесувањето на бродот ќе се врши со челична конструкција поради безбедносни причини. Тоа би требало да трае неколку години. Планирано е музејот да биде отворен во 2025 година.