Музејот Ријксмузеум во Амстердам 350 годишнината од смртта на големиот сликар Рембрант ван Рејн што се навршува следната година, ќе ја одбележи со отворање на изложба под наслов „Сите Рембранти“.

Изложбата ќе биде отворена од 15 февруари до 10 јуни 2019 година во рамки на годината на Рембрант. Ќе бидат изложени сите дела на холандскиот мајстор што ги поседува музејот.

– Ќе биде тоа единствена перспектива на Рембрант уметникот, човекот, раскажувачот, иноваторот – објави музејот.

Станува збор за 22 слики, 60 цртежи и повеќе од 300 графики.

Музејот тврди дека тоа ќе биде изложба како што се гледа еднаш во животот.