Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побрзо од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, пренесе „Си-ен-ен“.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпорејшн“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае 10 години. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.