Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз направи ајвар.

– Во Северна Македонија ако е есен, време е за aјвар! Го сакаме и правиме ајвар секоја година, со рецепт од готвачот на резиденцијата. Оваа година видеотимот на амбасадата го сними тој момент – напиша амбасадорката на Твитер.

Брнз на социјалните мрежи објави и видео на кое се гледа како таа го подготвува македонското традиционално јадење.