Лош почеток на денот имал Американец од сојузната американска држава Северна Каролина, но среќата му се променила кога открил дека добил два милиона долари на лотарија, само неколку часа откако со својот нов автомобил удрил во два елена, пренесува „Асошиејтед прес“.

На Ентони Дау му се случила несреќа на пат кон работа, која му го расипала денот, по што се вратил дома и легнал да спие.

– Потоа се разбудив и ги проверував лото билетите. На четвртото лото ливче првин го видов бројот четири, а потоа следните броеви. Леле! Беше едноставно лудо – објаснил среќниот добитник.

На неговиот добитен лоз за лотаријата „Мега милиони“ ги имало броевите на сите пет бели топчиња. Неговата можна добивка изнесувала од еден до 12,6 милиони долари.

Дау го однел своето ливче во продавница и со него освоил милион долари. Таа награда се зголемила двојно кога бил извлечен пак неговиот билет со што се дуплира добивката на вкупно два милиона долари.

Тој отишол по својата награда во седиштето на лотаријата во Рали и зел околу 1,4 милиони американски долари откако му ги одбиле парите за данок.

– Се чувствувам одлично. Првин ќе извршам поправки на куќата на мајка ми и татко ми, потоа ќе го поправам мојот автомобил, па ќе го доплатам, а ќе го платам и автомобилот на внука ми – рекол Дау, додавајќи дека остатокот од парите ќе биде заштеда.