„Амазон“ ја спушти цената на книгата од 20 фунти на 13,6 фунти, уште пред да биде објавена, пренесува „Експрес“.

Книгата „Пронаоѓањето слобода: Хари и Меган и правење модерна кралска фамилија“, се занимава со одлуката на Меган и Хари да се откажат од кралските обврски и да се преселат во Америка. Ја напишале експертите за кралската фамилија Омид Скоби и Каролин Дуранд.

Книгата се очекува да биде достапна за јавноста во текот на следниот месец.

– И додека војводата и војвотката од Сасекс продолжувале да ги полнат насловните страници со нивната врска, свадба и раѓањето на нивниот син Арчи, па се до нивната одлука да се повлечат од кралското семејство, малкумина ја знаат вистинската приказна за Хари и Меган. Пронаоѓањеto на слободата ги надминува тие насловни страници за да ги открие непознатите детали за заедничкиот живот на Хари и Меган, разјаснувајќи ги многуте гласини и заблуди што ја мачат двојката – се наведува во промотивниот материјал за книгата.