Интернет-гигантот „Амазон“, наводно, преговара за купување на легендарното холивудско студио „Метро Голдвин Маер“ за 9 милијарди долари.
„Метро Голдвин Маер“ е едно од најпознатите холивудски студија, чиј заштитен знак е лавот Лео и има речиси вековна историја.
Продажбата ќе му овозможи на технолошкиот гигант и неговиот стриминг-сервис „Амазон прајм“ пристап до огромен заден каталог со култна содржина.
Извештаите доаѓаат само неколку часа откако телекомуникацискиот гигант „АТ и Т“ се согласи да ја комбинира својата единица „Ворнер медиа“ со „Дискавери“, во договорот за создавање нов стриминг-гигант.
„МГМ холдингс“, матичната компанија на „МГМ студио“, според извештаите на медиумите, ја истражувала можноста за продажба од крајот на минатата година.
Купувањето од страна на „Амазон“ на „МГМ студио“ би значело голем чекор за неговата стриминг-услуга прајм.