Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја усмрти снимателката Халина Хачинс (42) и го рани режисерот Џоел Соуз (48) на филмски сет во Ново Мексико. Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust).

Хачинс, која била директорка на фотографија на снимањето на филмот, со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Сент Винсент“.

Во изјава за „Франс прес“, портпаролот на шерифот во Санта Фе рече дека Болдвин разговарал со детективите и оти засега не е покренато обвинение.

– Тој дојде доброволно и ја напушти зградата по разговорот – рече портпаролот.

Истрагата е во тек.