Шесто „ново име“ во Македонија е Александар Јакимовски од Охрид, кој успешно ја помина играта и освои парична поддршка во вредност до 2.500 евра за унапредување на своите гејмерски вештини. Овој осумнаесетгодишник е голем вљубеник во „Кантер страјк“, а титулата „ново име на гејмингот“ му обезбеди можност да набави подобра опрема, за да биде уште поуспешен во светот на онлајн турнирите. Имено, тој веќе со години се натпреварува на голем број гејмерски онлајн натпревари во Македонија, но и на Балканот, а на еден од тие турнири, како осумгодишник, веќе ја освојува својата прва парична награда.
– Најголема желба ми е еден ден да играм за професионален „Кантер страјк тим“ и да ги одмерам силите со најдобрите. Оваа титула, како и награда, сигурно ќе ми помогне да ја унапредам својата страст кон гејмингот и да бидам чекор поблиску до остварување на своите желби – вели Александар.
Со неговата победа е завршен шестиот циклус на проектот „Ново име“, кој од почетокот на годината во целост го поддржуваат компанијата „ХТЛ Македонија“ и брендовите членки на групацијата „Новоматик“ во нашата земја.