Новиот албум на Адел, наречен „30“, се искачи на првото место и стана најпродаваниот албум на годината, соборувајќи го рекордот на некогаш многу популарната шведска поп-група „АББА“. Во првата недела од објавувањето се продадени 261.000 примероци од албумот „30“, а „Војаж“, повратниот албум на групата „АББА“ е продаден во 204.000 примероци, пренесе Би-би-си.
Сепак, бројките за продажба на последниот албум на Адел се помали во споредба со нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година. Тој албум беше продаден во 800.000 примероци во првата недела, што значи дека „30“ продаде 32 отсто помалку од својот претходник.
Со својот последен албум, Адел го „симна“ Ед Ширан од врвот на топ-листата со албумот „Еднакви“. Албумот беше најавен со неколку песни, меѓу кои и синглот „Easy On Me“, кој веднаш го зазеде првото место на „Билбордс хот 100“. Критичарите го прогласија албумот на Адел, „30“, за нејзин најдобар досега. Според зборовите на Адел, албумот „30“ е обид да му го објасни разводот на деветгодишниот син Ангел од неговиот татко.