Актерот Ендру Џек, најпознат по улогата на Калуан Емат во „Војна на ѕвездите“, почина на 76-годишна возраст од коронавирус. Тажната вест ја потврди неговиот портпарол Џил Мекалоу. Џек починал од компликациите на болеста ковид-19, а неговата сопруга не можела да биде со него во моментот на неговата смрт, затоа што бил ставен во карантин во Австралија, пренесе „Би-би-си“.

Ендру Џек работеше и како учител по британски акцент на познатите, во филмовите како „Одмаздници“, „Шерлок Холмс“, „Господар на прстените“, „Луѓе во црно“ и многу други. Актерот почнал да ги чувствува симптомите на коронавирусот пред неколку недели, а еден од последните проекти на кои работел е новиот филм за Бетмен со Роберт Патинсон, сè додека снимањето не запре на 14 март, поради превентивни причини. Многу колеги и пријатели се збогуваа со него преку социјалните мрежи.

– Многу ми е жал што слушнав дека почина Ендру Џек, учителот на говорите во „Господарот на прстените“ и „Војна на ѕвездите“, како и во многу други филмови. Тој беше добар пријател. Ќе ми недостига – напиша Киран Шах.