Животни лекции од Џејн Фонда

Џејн Фонда ја доби наградата за животно дело „Сесил Б. Демил“ на манифестацијата за доделување на „златните глобуси“ годинава. Не само што има значително влијание врз светот со својата глума туку таа направи многу позитивни промени и преку својата активистичка работа. Таа почна со политички активизам во 1960-тите години и стана главен застапник на феминизмот и човековите права. Во прилог се некои животни лекции на 83-годишната оскаровка.
*Не учите од успехот, не учите од наградите, не учите од славата. Учите само од рани, лузни, грешки и падови.
* Не ми треба човек да се чувствувам исполнето. Во минатите бракови губев дел од себеси затоа што се обидував да бидам она што мислев дека мажот го сака од мене.
* Ние сè уште живееме со старата парадигма на стареење: родени сме, достигнуваме кулминација во средната возраст и се распаѓаме. Посоодветна метафора за стареење е скалилото – издигнување на човечкиот дух, воведувајќи нè во мудроста, целовитоста и автентичноста.
* Ми требаше многу време да сфатам дека не треба да бидеме совршени, туку целосни.
* Никогаш не е доцна да се започне одново, никогаш не е доцна да се биде среќен.
* Поставувајте прашања. Бидете љубопитни. Поважно е да бидете заинтересирани за нешто отколку да бидете интересни.
* Простете им на луѓето што ви наштетиле и не ви помогнале. Простувањето на другите ви овозможува да си простите и себеси.
* Дел од мудроста е да знаете што повеќе не ви треба и да го отстраните од животот.
* Не можеме секогаш да ги контролираме нашите мисли, но можеме да ги контролираме нашите зборови. Повторувањето влијае на потсвеста и тогаш стануваме господари на ситуацијата.
* Ако сакате да бидете револуционерни, треба да бидете луѓе. Треба да се грижите за луѓето што немаат моќ.
* Феминизмот не е само за жените, туку за да им се овозможи на сите луѓе да водат поцелосен живот.
* Наместо да лебдите по реката како лист, дознајте кои сте, како ве гледаат другите и какво влијание имате врз светот и луѓето околу вас, па кога ќе дојде време, ќе се чувствувате како да сте направиле позитивни промени.