Македонските возачи на Твинго куп викендов со настап во Словачка

Интернационалните настапи на македонските возачи во Твинго купот продолжуваат
викендов со настап на патеката „Словакиа Ринг“ во Словачка.

Таму ќе се вози втората трка од Твинго купот бодувана согласно регулативите и
признанија на ФИА-ЦЕЗ, а истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.
Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид
Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски,
Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на телевизија „Канал 5“ во следните термини:

  • 08.5.2021 (сабота) Прва трка – 16.10 часот
  • 09.5.2021 (недела) Втора трка – 10.50 часот

Оваа втора сезона, покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде македонските возачи ќе бидат
бодувани согласно регулативите и признанија на ФИА ЦЕЗ и тоа во: Серес – Грција (јуни), Гробник – Хрватска (јули) Ред бул Ринг – Австрија (септември) и финална трка за
заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (ноември) ЦЕЗ во организација
на АКК Рено Спорт Скопје.

АКК Рено Спорт упатува голема благодарност до поддржувачи:Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски патеки.