Акајуре е езеро во Лапонија – најголемата историска провинција на Шведска. Езерото е составен дел од националниот парк „Стура Шефалет“ – во округот Норботен на границата со Норвешка. Во „Стура Шефалет“ постоеле најубавите водопади во Европа, но шведската влада дозволила изградба на хидроенергетски капацитети поради што дошло до промена на текот на водата, како и до уништување на водопадите и оштетување на крајбрежјето на езерото Акајуре. До езерото е планинскиот масив Ако со вертикалниот спуст од 1.563 метри, бидејќи водостојот на езерото зависи од хидроцентралата, површината може да се спушти до 423 метри, со што спустот изнесува 1.593 метри.