Најголемата соларна електроцентрала во Австрија се гради на аеродромот во Виена. Осум соларни постројки ќе произведуваат речиси една третина од годишната потрошувачка на електрична енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства. Австрија сака до 2030 година да покрие 100 проценти од потребите за обновлива енергија.
Иако авијацијата со 2,7 проценти предизвикува само мал дел од глобалните емисии на јаглерод диоксид, аеродромот во Виена го презема својот дел од одговорноста и постојано го намалува овој процент преку соларни инсталации, електронска мобилност и нови технологии.
Виенскиот аеродром испрати јасен сигнал за иднината – рече државниот секретар на Министерството за клима и енергетика, Магнус Брунер.
Новата електроцентрала ќе испорачува 30 милиони киловат-часа електрична енергија годишно со своите 55.000 соларни панели, со максимална моќност од 24 мегавати на површина од 24 хектари.
Заштитата на климата има највисок приоритет, а целта е јасна: климатска неутралност до 2040 година. За оваа цел, ние инвестираме во соларни централи, ветерници и хидроцентрали, централно греење и други технологии. Ќе го зголемиме производството на електрична енергија преку соларни панели до максимум 250 мегавати до 2025 година и до 800 мегавати до 2030 година – објаснува градскиот министер за финансии, Петер Ханке.
Постројката треба да биде завршена и пуштена во функција напролет идната година.