Адел (33) ќе заработи во просек повеќе од 2 милиона долари од настап во рамките на претстојната серија концерти во Лас Вегас, со наслов „Викенди со Адел“.
Популарната пејачка, според „Билборд“, треба да настапува двапати неделно од 21 јануари до 16 април во Колосеумот на „Палатата на Цезар“, а билетите беа распродадени за шест часа неделава на мрежата Тикетмастер.
Се проценува дека вкупно 100.000 билети биле пуштени во продажба за 24-те настапи на оваа локација, која има капацитет од речиси 4.200 седишта.