Авторката на романот „Педесет нијанси сива“ Е.Л.Џејмс наскоро издава нова еротска книга што ја најавува како „Романса на Пепелашка за 21.век“.

Романот ќе се вика „Мистер“, а во Велика Британија и САД во книжарите ќе се најде на 16 април, изјави нејзиниот издавач Винтиџ Букс.

Дејството на книгата се одвива во Лондон и во источна Европа, а се фокусира на приказната за англиски аристократ кој е заведен од таинствена, музички надарена млада жена која неодамна стига во Англија, открива издавачот.

– Станува збор за приказна за Пепелашка на 21. век. Максим и Алесиа ме одведоа на фасцинантно патување и се надевам дека и моите читатели ќе ги одушеви нивната возбудлива и сензуална приказна – вели Џејмс.

Нејзината трилогија „Педесет нијанси сива“ првпат беше објавена во 2012 година. Веднаш стигна на врвот на најпродавани книги во светот со 150 милиони продадени примероци.

Романите во три филма ги преточи филмското студио Јуниверзал Пихчрс, а на пазарот филмовите заработија повеќе од милијарда долари.

Сѐ уште не е познато дали по новиот роман ќе биде снимен филм