Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс објави дека ќе инвестира 45 милиони австралиски долари, за да се зголеми популацијата на коали која во Австралија е во рапиден пад.

Според проценката на австралиските власти, во дивина денеска живеат околу 43.000 коали, а пред доселувањето на Европејците на континентот биле 10 милиони.

– Коалите се национално богатство – рече премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Берејиклиан.

Губење на живеалиштата, напади на кучиња, удари на автомобил, климатските промени и болестите го земаа данокот кога станува збор за една од најпрепознатливите австралиски животни.

Студиите покажуваат дека во последните 15 до 20 години бројот на коали во Нов Јужен Велс паднал за 26 отсто. Во таа држава овие животни се ранлива категорија, а во остатокот на Австралија речиси и да ги нема.

Владата на Нов Јужен Велс ќе одвои илјадници хектари државно земјиште за да ја зачува нивната природна средина.

Парите ќе се користат за борба против болести што ги напаѓаат коалите, посебно хламидијата која кај нив предизвикува неплодност, слепило и смрт.

Ќе биде воспоставена посебна телефонска линија каде што луѓето ќе можат да дојават ако запазат повредена или коала на која и е потребна помош.