Како што се покажа во последно време, пожарите во оддалечените делови на Австралија може да горат со часови и да се шират со голема брзина пред да ги забележи некој, а додека да пристигнат пожарникарите се прави огромна штета. Меѓутоа, Австралијците се обидуваат да го решат проблемот.
Австралиските пожарникари се обидуваат поефикасно да откриваат пожари со употреба на нови методи. Повеќето пожари се пријавуваат преку бројот за итни случаи, наречен „Трипл зироу“, што овозможува контактирање со полицијата, пожарникарите и со брзата помош.
Сепак, новиот систем може да им помогне на пожарникарите поефикасно да се справат со пожарите, а на него работи компанијата „Фаербол“, со седиште во Квинсленд. Тоа е всушност специјален сателит што ќе открива пожари. Компанијата „Спејс машинс компани“, австралиски провајдер за вселенски транспорт, потпиша договор според кој ќе лансира сателит во орбитата, користејќи ракета „Оптимус-1“. Сателитот треба да биде лансиран за една година и ќе стане првиот од вкупно 24 што ќе ја следат ситуацијата над Австралија. Системот ќе може да открие пожар од три до пет минути по неговото настанување и ќе им овозможи на пожарникарите брзо да ги проценат условите и да реагираат. Сателитот ќе функционира преку компјутер, споредувајќи ги неодамнешните фотографии со нови и на тој начин ќе детектира пожари.