Со оглед на тоа што повеќето продавници за непрехранбени производи се затворени, за да се спречи ширењето на коронавирусот, една австралиска книжарница одлучи да им доставува книги на сите оние што се наоѓаат во изолација. Кога австралиската влада ги ограничи јавните собири, книжарницата „Глибукс“ одлучи да не ги наплаќа своите интернет-услуги. Но ограничувањата отидоа и чекор понапред, бидејќи Владата нареди затворање на сите продавници за малопродажба, освен оние со намирници, аптеки и други продавници, кои сметаат дека се неопходни за нормално функционирање на населението. Од таа причина, од „Глибукс“ решија на своите клиенти да им ги обезбедат книгите што ги сакаат бесплатно и тоа со велосипед.

– Ние сме продавница за малопродажба и дојдовме до заклучок дека можеме да им го олесниме на луѓето начинот да добијат книги во овие тешки времиња, без да се изложуваат на какви било ризици по здравјето – вели менаџерот на книжарницата Џејмс Рос во изјава дадена за „Ројтерс“
И за клиентите што живеат надвор од одредениот радиус за испорака со велосипед, книжарницата ја намалува поштарината за нарачки над 50 американски долари. Клиентите со задоволство ја прифатиле ваквата услуга.
Нерида Рос, која испорачува книги со велосипед, смета дека тие се спас за сите што се присилени да останат дома.