Џон Малкович во претстава за Вајнстин

147

Џон Малкович ќе глуми во новата претстава за „изопачениот холивудски моќник“ Харви Вајнстин, кој се соочува со низа обвиненија за сексуално малтретирање. Претставата „Горчлива пченица“ на Малкович ќе му биде прва театарска улога во речиси 30-годишната кариера, а премиерата ќе се одржи во лондонскиот „Вест енд“ во јуни годинава, пренесува „Скај њуз“.

Имено, поднасловот на пиесата е „Холивуд е пеколна дупка“, а ја донесува приказната за Барни Фејн (надуено чудовиште), кој напаѓа од позиција на моќ. Автор на текстот и режисер на претставата е драматичарот Дејвид Мамет, кој е награден и со Пулицерова награда.

Интересен е податокот дека информацијата оти работи на претстава што се заснова на скандалот поврзан со Вајнстин, Мамет првпат ја откри во интервјуто за „Чикаго трибјун“ минатата година.